Тимот од Негорци „изгоре“ во „Градски парк“, МЗТ со нова услуга за Кожув

Работнички беше подобар од Блокотехна со 94-77 во дербито на првата кошаркарска лига на Македонија, и го симна тимот од Негорци на третото место на табелата. Само во првите минути, гостите имаа водство, а потоа домашните ја презедоа контролата и рутински го зголемуваа и одржуваа водството, за лесни два бода.

МЗТ Скопје Аеродром без дел од стартерите кои одмоираа за неделниот меч со Спарс од плејофот во АБА 2 лигата, триумфираше на гостувањето кај Куманово со 76-72, и му помогна на Кожув да дојде на чекор од место во Суперлигата. Гевгеличани предводени од Вилијамс, беа подобри од Фени индустри со 74-63, и со оглед на распоредот, речиси сигурно ќе има место меѓу шесте најдобри.

 

- Оглас -

Најнови вести