19.8 C
Skopje
петок, 19 септември 2025

Тимоти Веа ќе го засили Олимпик Марсеј

Тимоти Веа ќе стане нов фудбалер на Олимпик Марсеј, пренесуваат италијанските медиуми. Францускиот клуб постигнал целосен договор со Јувентус, а американскиот напаѓач наскоро ќе замине на лекарски прегледи.

Станува збор за позајмица со задолжителен откуп на договорот по завршувањето на сезоната, како и клаузула според која Јувентус ќе добие процент од идна продажба.

Марсеј ќе плати еден милион евра за позајмицата, а целосниот трансфер ќе изнесува околу 14 милиони евра, плус дополнителни 3 милиони евра во бонуси.

Олимпик Марсеј претходно го врати и Пјер-Емерик Обамејанг во своите редови, по авантурата што ја имаше во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести