Новото засилување на Јувентус, Тимоти Веа, изјави дека симпатиите на татко му Џорџ, кој е легенда на Милан, кон Бјанконерите биле една од причините тој да премине во гигантот од Торино.
„Се чувствувам привилегиран и благословен, ова ми беше сон од детство. Јувентус е еден од најголемите клубови на светот, ако не и најголемиот. Супер, горд сум што ќе бидам Бјанконеро. Што ме натера да го изберам овој тим? Историјата, играчите, тренерите, довербата на сите тука во мене. Се чувствувам како дома“, вели Веа, кој игра за репрезентацијата на САД, а татко му е претседател на родната Либерија.
„Како што видовте, навивачи дојдоа да ме поддржат пред медицинските прегледи. Татко ми играше за Милан, а сега неговиот син доби шанса да игра во Серија А, и тоа во еден од најголемите клубови и тоа е прекрасно. Јувентус е меѓу омилените клубови на татко ми, луд е по нив и тоа го направи мојот избор уште полесен“, додава Тимоти.