Тимовите на Ѕвезда и Партизан го напуштија турнирот во Охрид, наводно биле излажани!

Помладите категории на Црвена ѕвезда и Партизан, фудбалери родени 2014, 2015 и 2016 година, доживеале голема непријатност во Македонија каде престојувале на турнирот во Охрид.

„Организаторите на турнирот се однесуваа крајно грубо и непрофесионално кон своите вечни ривали, кои во меѓувреме го напуштија истото поради екипи од т.н. Косово“, пишува Телеграф.

Од Ѕвезда, уште пред да дојдат на турнирот побарале да нема тимови од Косово. Иако наводно добиле гаранции дека тоа нема да се случи, биле измамени.

Црвено-белите играа и стигнаа до полуфиналето во една од генерациите, за потоа да сфати дека тимот против кој треба да игра е Косово за кое Србите сметаат дека е српска покраина.

Следел ултиматум и им порачале на организаторите дека повеќе не сакаат да учествуваат на турнирот доколку не ги избркаат екипите од Косово. Кога организаторите не ги послушале, Ѕвезда го напуштила турнирот, а по нивнибте стапки тргнал и Партизан.

Српските клубови се жалат и дека сместувањето било лошо и немало обезбедено ручек за децата.

- Оглас -

Најнови вести