Уште сезонава и толку, Тимур Дибиров ја завршува кариерата

Легендарниот руски ракометар Тимур Дибиров, изјави дека ќе ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона.

Дибиров има 41 година, тој е втор стрелец во историјата на Лигата на шампионите зад Кирил Лазаров, а додека играше за Вардар од 2013 до 2022 година, двапати ја освои ЛШ. Сега е играч на Загреб, па ќе се пензионира како играч на тој клуб.

„Најтешко во моментов ми е што сме разделени со семејството. Јас сум со синот во Загреб, а сопругата Ирина е со ќерката во Ростов. Затоа решив да ја доиграм сезоната и да ја завршам кариерата. Сакам да бидам покрај нив. Си велам уште оваа сезона и тоа е тоа. Морници ме лазат кога ќе помислам. Навистина ли дојде тој момент?“, рече Дибиров.

- Оглас -

Најнови вести