Екипата на Нирнберг убедливо со 9:1 го победи нисколигашот Обернеленд и се пласираше во следната фаза од германскиот Куп. На овој дуел блескаше турската фудбалска надеж Џан Узун кој настапи со 17 години и 274 денови, а на крајот постигна три гола, а имаше и една асистенција.
Со овој хет-трик, Узун стана најмладиот фудбалер во историјата на на германскиот Куп кој успеал да постигне три гола на едем меч. Тој го сруши рекордот на легендарниот Олаф Тон од далечната 1984 година. Популарниот Професор има постигнато хет-трик во Купот со 18 години и еден ден, но сега речиси 40 години подоцна се најде јунак да го симне од овој трон.
Дека хет-трикот на турскиот тинејџер не е случајност покажува и фактот дека во претходното коло во Цвајте (втора германска лига), на дуелот против Хановер, Узун ги постигна двата погодоци во ремито 2:2.
Овој талентиран млад фудбалер има турски корени, но е роден во Регензбург. Не игра како класичен напаѓач, туку како офанзивен играч за врска. Доколку продолжи со овие игри, Узун за брзо време може да се најде на радарот на големите европски клубови.