Чешкиот тенисер Јакуб Меншик стигна до најголемата победа во кариерата откако во финалето на Мастерсот во Мајами со 7:6, 7:6 го совлада легендарниот Новак Ѓоковиќ. Ова финале беше екстра значајно за двајцата тенисери. Ѓоковиќ беше во исчекување на јубилејната 100-та АТП-титула, но се појави 19-годишниот Меншик кој направи подвиг и во два сета во тај-брејк го победи Србинот.
По освојување на титулата, Меншик откри една интересна анегдота поврзана со овој турнир во Мајами. Чехот вели дека малку фалело тој воопшто и да не учествува.
„Го потпишав документот за откажување од турнирот затоа што имав многу силни болки во коленото. Тргнав кај судијата да го предадам документот, но тој тогаш бил на ручек. Додека чекав судијата да заврши со ручекот, заминав кај Алехандро, кој е физиотерапевт на турнирот и тој направи чудо. Затоа сега стојам тука со трофејот во рака. Успеа да ме закрепне и сакам многу да му се заблагодарам“, откри Меншик, новиот победник на мастерсот во Мајами.