Англија по првото полувреме води со 1-0 против Албанија во меч од квалификациите за СП 2026, а стрелец на голот беше Мајлс Луис-Скели од Арсенал, кој испиша историја.
Луис-Скели со 18 години и 176 дена е најмладиот фудбалер кој постигнал гол на својот прв натпревар во дресот на англиската репрезентација. Голот погледнете го ТУКА.
Вечерва деби за Англија има и селекторот Томас Тухел, а во книгата на рекорди се запиша и Џуд Белингам кој имаше одлична асистенциија до Луис-Скели. Белингам по 41-ви пат игра за сениорскиот тим на Англија, надминувајќи го Вејн Руни по бројот на настапи на возраст од 21 година или помлад.