Кога се зборува за турското фудбалско првенство, веднаш асоцијацијата е на трите гиганти од Истанбул. Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче се клубовите кои со децении доминираат во шампионатот на Турција и речиси сите титули се во витрините на еден од овие три клуба. Оваа доминација на триото од Истанбул сезонава може да доживее крај, и тоа повторно од клуб кој доаѓа од најголемиот град во земјата.
Башикшехир е екипата која по првите 10 кола е лидер во шампионатот. Со шест победи, три ремија и само еден пораз, Башакшехир има 21 бодови, два повеќе од Касимпаша и Галатасарај, а три повеќе од Бешикташ. В сабота, Башакшехир на својот стадион „Фатих Терим“ ќе биде домаќин на Бешикташ во дербито на 11-тото коло.
Ретко кој до пред неколку години ќе веруваше дека во Истанбул ќе се појави четврти тим што може да се бори за титулата, а сега Башакшехир е предводник на табелата. Тоа е клуб кој е формиран во 1990 година, а во 2006 година за првпат се избори за настап во Супер лига. По седум сезони, повторно испадна во втората лига, но експресно, само за една година се врати во елитата во 2013 година и започна неговата ренесанса.
Во 2015 и 2016 година завршуваа на четвртото место и играа во Европа. Минатата сезона беа во борба за титулата, но попуштија во темпото и завршија како трети. Сега најавуваат дека ќе издржат и ќе го задржат лидерското место до крајот. Голем предизвик ќе имаат веќе в сабота, против Бешикташ.
Овој дуел е и на понудата на СПОРТСКА ПРОГНОЗА во третото коло, а ваше е да типувате за конечниот исход. Покрај дербито во Турција, стандарно има уште 11 главни мечеви и две резервни средби на кои може да типувате:
Правила
- Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
- Доколку 2 или повеќе ги погодат сите натпревари во едно коло, подарокот ќе се подели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност од 15.000 (ако има двајца добитници ќе добијат ваучери во вредност од 7.500 денари, тројца по 5.000 денари).
- За погодени 11 натпревари – ваучер од 1.000 денари.
- За погодени 10 натпревари – ваучер од 500 денари.
- За погодени 9 натпревари – ваучер од 200 денари.
За учество во играта потребно е да сте фан на нашата facebook страница: facebook.com/SportManija
Секој корисник има право на една прогноза. Корисникот кој прогнозирал два или повеќе пати ќе биде дисквалификуван за тековното коло.
Ваучерите се активираат исклучиво на Sport Life клуб-картичка.
Во конкуренција се прогнозите испратени пред почетокот на првиот натпревар.