Типуваме на изненадувачка победа на Баерн

3043 Авелино – Падова (17.30 часот)

Ова е реванш-дуел од плејофот во Серија Ц за влез во италијанската Серија Б. Првиот меч во Падова заврши со 1-1, па може да се каже дека Авелино е во минимална предност. Двата тима се во променлива форма, а историјатот на нивните меѓусебни дуели најавува дека повторно ќе има голови во двете мрежи бидејќи секогаш кога играле овие екипи, било ГГ, со тоа што гостинот никогаш не победил. На Падова нема да ѝ биде лесно, Авелино на последните 13 домашни меча има примено само еден гол.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.86)

 

3044 Алесандрија – Албинолефе (20.30 часот)

Кај овој полуфинален пар, ситуацијата барем на хартија е малку почиста, Алесандрија како гостин победи со 2-1 и сега треба да ја одбрани таа предност. Во март во лигашкиот дел од Серија Ц, Алесандрија дома го победи Албинолефе со 2-1. Она што им дава надеж на гостите е дека Албинолефе има серија од шест гостински победи по ред и на тие шест меча никогаш не примија повеќе од еден гол, а Алесандрија не е претерано ефикасен домаќин.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

6706 Португалија – Израел (20.45 часот)

Европскиот првак се комплетираше откако му се приклучија играчите кои настапија во финалето на ЛШ, па селекторот Сантос може да комбинира со составот. За Португалците ова е последна контрола пред да заминат за Будимпешта и гостувањето кај Унгарија во првото коло од „групата на смртта“ на ЕП, во која се уште и Германија и Франција. Португалија е голем фаворит и ќе сака со победа да ги израдува своите фанови. Израелците пред четири дена ја надиграа Црна Гора со 3-1, но Португалија е нешто друго. Овие селекции осум години не играле една против друга.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.65)

 

8085 Алба Берлин – Баерн Минхен (20.30 часот)

Ова е прв меч од финалето на плејофот во германското кошаркарско првенство и ќе биде интересно да се види дали евролигашот од Минхен ќе успее да победи во Берлин, нешто што мора да го направи ако сака титула. Двата тима во полуфиналето победија со 3-1. На 16-ти мај, кога овие тимови последен пат се сретнаа еден против друг, Баерн славеше во финалето на Купот со 85-79, но на последното гостување во Берлин, Баварците загубија со 13 поени разлика. Иако благ фаворит според квотите е Алба, ние предлагаме двојка.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

8101 Виртус Болоња – Армани Милано (20.45 часот)

Тимот од Болоња успеа двапати да ги совлада Манекените во Милано и води со 2-0 во финалето на плејофот во кошаркарското првенство на Италија. Ако Теодосиќ, Белинели и другарите слават и вечерва на свој терен, ќе дојдат на чекор од титула бидејќи финалната серија се игра во четири добиени. За евролигашот од Милано ова е меч кој мора да го добијат ако сакаат да останат во игра за титулата. Виртус на првите два меча даваше по 83 поени, па Милано мора да ја подобри одбраната, како во декември, кога победи во Болоња со примени 68 поени.

Предлог тип: <158.5 (1.93)

- Оглас -

Најнови вести