Тирни сакаше да се тепа со Алиоски, Џака застана на страната на нашиот репрезентативец (Видео)

Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски беше во центарот на вниманието во дуелот меѓу Лидс и Арсенал. Мечот заврши без погодоци, но возбудувањата не изостанаа. Во второто полувреме, гостискиот играч Николас Пепе заработи црвен картон откако со глава го удри Алиоски. Тој инцидент може да го видите ТУКА.

Со играч помалку, Арсенал немаше сили да стигне до посакуваните три бода на ова гостување. По завршувањето на мечот, играчот на Арсенал Киран Тирни влезе во конфликт со Алиоски, но тука беше Гранит Џака да ја смири ситуацијата. Иако е играч на Арсенал, Џака застана во одбрана на Алиоски, а Тирни мораа да го смируваат неколку други фудбалери на Топчиите.

Навивачите на Арсенал на социјалните мрежи бесно коментираат како Џака застанал во одбрана на противничкиот играч, поради кои Топчиите мечот го завршија со играч помалку.

https://twitter.com/i/status/1330578421156601858

 

 

- Оглас -

Најнови вести