Алиоски изнуди исклучување на Пепе, судијата поверува дека Џани е удрен со глава (Видео)

Доколку Лидс победи против Арсенал, а во моментов резултатот е 0-0, огромна заслуга за триумфот ќе има нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Популарниот Џани не даде гол, ниту има асистенција, но изнуди црвен картон од Николас Пепе, па гостите од Лондон во последните половина час играат со човек помалку.

Алиоски и Пепе има дуел, а Французинот ги загуби нервите и со глава го удри Алиоски, и по прегледување на ВАР снимка, судијата процени дека е неспортски потег на Пепе и му даде црвен картон.

За Пепе ова е прво исклучување, а хејтерите веднаш го нападнаа дека сезонава има ист број на црвени картони со голови и асистенции заедно.

https://twitter.com/i/status/1330566541620940800

- Оглас -

Најнови вести