Титулата им се насмевнува: Барселона со гол во 91 минута го победи Реал Мадрид (Видео)

Барселона со 2:1 го победи Реал Мадрид во Ел Класико и тоа со гол во судиското надополнување. Франк Кеси кој во игра влезе во 77 минута беше стрелец на победничкиот гол во 91 минута.

Со оваа победа Барселона сега уште повеќе ја зголеми предноста на табелата, па каталонскиот гигант има 68 бодови, додека Реал останува втор со 12 бодови помалку. До крајот на првенството има уште 12 кола.

Реал Мадрид прв се израдува и тоа благодарение на автоголот на Араухо по само девет минути игра. Кралскиот клуб беше на прагот со предност да замине на полувреме, но Серхи Роберто во 45 минута погоди за 1:1. Двата погодоци од првото полувреме може да ги видите ТУКА.

Во второто полувреме, Реал Мадрид даде гол во 81 минута, но ВАР системот ја поништи радоста на Марко Асенсио. Мадриѓани тргнаа во напад со сите сили, па оставија простор во одбраната, а тоа го искористи Кеси, кој по додавање на Балде донесе голема радост за фановите на „Камп Ноу“.

- Оглас -

Најнови вести