Како што личи за Ел Класико: Се тресеа двете мрежи во првото полувреме (Видео)

Барселона и Реал Мадрид играат 1:1 по првите 45 минути на „Камп Ноу“, во дербито на шпанското првенство. Реал Мадрид прв се израдува со автоголот на Араухо по само 9 минути игра.

Во продолжение на дербито, Барселона повеќе напаѓаше. Домаќините уатија девет удари кон голот на Реал Мадрид, од кои пет беа во рамките на голот, а последниот удар во првиот дел, заврши во мрежата на Тибо Куртоа.

Серхио Роберто најдобро се снајде во шеснаесетникот на Реал Мадрид и успеа да донесе голема радост за фановите на Барселона. Неколку секунди подоцна, судијата покажа дека е време за пауза, односно крај на првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести