Лесно е кога го имаш Тјери Анри: Франција со убедлива победа покажа дека е фаворит за златото (Видео)

Домаќинот на Олимписките игри, Франција со убедлива победа од 3:0 против САД, го започна фудбласкиот турнир. Галските петли сигурно се едни од главните фаворити за освојување на медал, а силата и подготвеноста ја покажаа уште на стартот против Американците.

Во првото полувреме САД даваше отпор и немаше голови, но во вториот дел, ситуацијата беше поинаква. Францускиот тим предводен од селекторот Тјери Анри, поведе со голот на искусниот 33-годишен Лаказет во 61 минута.

Тоа беше мотив за домаќините да заиграат уште подобро, па до крајот на средбата следуваа погодоците на Олис во 69 минута и на Баде во 85 минута за убедлив триумф од 3:0.

https://twitter.com/i/status/1816208903903859029

Анри кој од минатата година е селектор на У21 селекцијата на Франција, беше назначен за предводник и на олимписката репрезентација, што секако е еден адут повеќе за домаќините на Игрите.

https://twitter.com/i/status/1816213128574820380

- Оглас -

Најнови вести