Славниот бразилски клуб Сао Пауло, потпиша професионален договор со 16-годишниот напаѓач Тјери Анри.
Тјери Анри Сантош Соуза, како што е целосното име и презиме на младиот фудбалер, е крстен по славниот француски фудбалер Тјери Анри. Таткото на Бразилецот бил воодушевен од игрите на Анри на Светското првенство во 2006 година кога Франција го елиминираше Бразил, па на неговиот син кој се роди една година после тој Мундијал, му го даде името Тјери.
Младиот Анри е висок 192 сантиметри и го потпиша првиот професионален договор, а во август го постигна својот прв гол за У-17 тимот на Сао Пауло.