Додека фудбалерите на Челзи се подготвуваат за дуелот против Брајтон, навивачите пред стадионот „Стемфорд бриџ“ цел ден протестираат. Стотици навивачи со разни пораки дека се против идејата нивниот омилен тим да биде дел од Суперлигата.
ББЦ објави дека челниците на Челзи веќе подготвуваат документи со кои ќе бараат повлекување од Суперлигата. Пред помалку од 48 часа, Челзи се согласи да биде дел од затворената лига на богатите, но сега се случува пресврт.
Моќта на навивачите уште еднаш се покажува на дело.