Тоа е тој шампионски поздрав меѓу Вардар и Комитите (видео)

Грми на сите страни, Вардар режираше крај од соништата во последниот европски меч на домашен терен за оваа сезона. Во Скопје, во „Јане Сандански“, пред повеќе од 6.000 навивачи црвено-црната машинерија го растури Пик Сегед со 31-23, па со голема предност ќе го чека реваншот во кој Вардар ќе треба да го потврди учеството на фајнл-форот во Келн.

Поддршката беше огромна од првата до последната минута од мечот, но забавата не застана тука. Шампионе, шампионе се слушаше од сите страни на трибините, а „Комити“ со шампионски поздрав ја направија последната ерупција во „Јане Сандански“.

 

- Оглас -

Најнови вести