Тоа е убавината на Игрите: Херојот на Франција го тешеше Дончиќ (Видео)

Николас Батум е херојт на Франција откако успеа со блокада да го заштити кошот на својата репрезентација и донесе финале за Галските петли по дуелот со Словенија. Французите победија со 90:89 и не дозволија блескавата игра на Лука Дончиќ да биде заокружена со пласман во финалето.

Лука Дончиќ имаше трипл-дабл и стана само трет кошаркар со вакво постигнување во историјата на олимписките игри. Кои се останатите двајца со ваков подвиг може да прочитате ТУКА.

По завршување на финалето, разочараниот Дончиќ со солзи во очите седеше на едно столче, кога кон него се доближи Батум. Херојот на Франција дојде да го прегрне Лука и да му даде утеха. Тоа е убавината на спортот, а Батум знае дека еден ден победуваш, друг ден губиш и секогаш треба да се има почит кон ривалите.

„Николас покажа класа. Ми рече дека мрази да игра против мене, но на добар начин. Тоа беше убаво од негова страна. Тој е голем спортист“, откри Дончиќ што му рекол Французинот по мечот.

https://streamable.com/5f68cc

- Оглас -

Најнови вести