Тоа се вика љубов – Илјадници навивачи купија сезонски билети, а не се знае тимот во која лига ќе игра

Додека богатите клубови како Пари Сен Жермен и Манчестер сити мака мачат да ги наполнат своите стадиони, сосема друга е приказната кај клубовите каде што големите финансии и не се во преден план.

Иако и екипата на Барнли има солидни средства, сепак тоа што го направија навивачите на овој клуб покажа како се сака клубот.

Тие купија над 12 илјади сезонски билети за наредната натпреварувачка година, а тимот се наоѓа на претпоследното место во Премиер лигата само со 21 бод. Познавачите на англискиот фудбал му даваат мали шанси на овој тим да се спаси, а вечерва против Евертон го игра можеби и најважниот натпревар сезонава.

Со победа ќе дојде на само еден бод помалку од вечерашниот ривал, со што значително би си ги подобрил шансите за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести