Тоа што го направи Франција се случува еднаш во 100 години: Двапати на идентичен начин се спасија од пораз (Видео)

Кошаркарската репрезентација на Франција ќе игра во полуфиналето на Европското првенство, каде што за противник ќе ја имаат Полска. Французите имаа многу среќа да стигнат меѓу четирите најдобри на Стариот Континент, откако во двата меча од нокаут-фазата се радуваа дури по продолжение од пет минути.

Речиси идентично беше сценариото на мечевите на Фрација против Турција во осминафиналето, и тоа против Италија во четвртфиналето. Галските петли на двата меча на неверојатен начин се спасуваа од пораз и на крајот се радуваа.

Против Турција губеа со 77:75 на 12,2 секунди до крајот, а Чеди Осман имаше слободно фрлање со можност за Турција да ја зголеми предност. Осман промаши, но Турците имаа и топка од страна затоа што имаше техничка грешка. При изведувањето на аутот, Турците згрешија, а Гоберт погоди за Франција и израмни на 77:77, па мораше да има продолжение во кое Галските петли победија.

На мечот против Италија, Франција повторно беше во речиси безизлена ситуација. Повторно губеше со 77:75, до крајот имаше 16,3 секунди, а Аѕурите преку Фонтекио имаа две слободни фрлања. Неверојатно е како Фонтекио ги промаши двата „пенали“, па Франција доби напад да израмни и успеаја со положувањето на Хуртел, па резултатот по 40 минути повторно беше 77:77, како и против Турција. Во дополнителите 5 минути Франција успеа да слави и над Италија и да се избори за место во полуфиналето.

Ова не е прво вакво нумеролошко совпаѓање на ЕП во кошарка. Во осминафиналето, во една вечер се одиграа четири меча, од кои три завршија со резултат 94:86, а само Грција славеше над Чешка со 94:88, што значи дека Чесите требаше да постигнат само еден кош помалку за да бидат сите четири средби во еден ден одиграни со ист резултат на крајот.

 

- Оглас -

Најнови вести