Фалеше еден кош помалку за светско чудо: Сите четири репрезентации кои победија денеска дадоа по 94 поени

Грција е единствената селекција која денеска ја имаше фаворитската улога и на крајот победи во осминафиналето од Европското првенство во кошарка. Грците славеа со 94:88 и се пласираа во четвртфиналето.

Грција одигра одлично во решавачката последна четвртина која ја доби со 31:21 и на крајот стигна до триумф и останува единствениот национален тим без пораз на континенталниот собир.

Грција даде 94 поени, што е неверојатно бидејќи и во претходните три денеска одиграни дуели, победникот постигнуваше по 94 поени. На претходните три меча, поразениот даваше по 86 поени, а Чешка даде само два повеќе односно 88 поени, што значи дека ако Чесите постигнаа два поени помалку ќе се случеше чудо што не се памти во историјата на кошарката.

- Оглас -

Најнови вести