Точно на средина, младите македонски ракометарки 16-ти на СП во Скопје

Македонија финишираше на 16-тото место на Светското првенство за ракометарки до 20 години кое се одржува во Скопје.

Во денешниот меч за 15-то место, избраничките на селекторот Дарко Јанев беа поразени од Кина со 23-25, а на полувреме Македонија имаше минимално водство од 12-11.

Емилијана Ризоска со 11 голови од 12 шута беше незадржлива, и штета што оваа нејзина партија не беше крунисана со победа.

Македонија на младинскиот Мундијал одигра вкупно седум натпревари, со биланс од две победи (двете во првата групна фаза, над САД и Ангола), едно реми (со Португалија), а и четири порази од Исланд, Јужна Кореја, Црна Гора и Кина.

- Оглас -

Најнови вести