18.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Тодоровски: Ќе биде многу потешко во Лозана, но ние сме подготвени

Фудбалерите на Вардар ги одработуваат последните подготовки пред тргнувањето во Лозана, каде што в четврток ќе играат во реванш-дуелот против швајцарскиот ривал во квалификациите за пласман во Конференциската лига на УЕФА. Вардар во Лозана ќе патува со предност од 2:1 стекната од мечот во Скопје. Димитар Тодоровски на тој дуел одигра одлично во средниот ред, но знае дека сега во реваншот го очекува уште еден голем предизвик.

„Се работи за одлична екипа. Тоа се покажа и на теренот, сепак ние направивме добра анализа за нив и мислам дека заслужено го добивме тој прв меч. Според мене, мислам дека можеме да очекуваме многу потежок меч на гости во Лозана, но ние сме подготвени“, вели Тодоровски.

- Оглас -

Најнови вести