Милан триумфално ја стартуваше новата 2022 година. На својот „Сан Сиро“, Росонерите победија во дербито против Рома со 3:1 и сега се доближија на само еден бод заостанување зад лидерот Интер, кој има и меч помалку.
Уште од самиот старт Милан покажа дека е решен да победи. Домаќините поведоа со голот на Оливие Жиру од пенал во 8 минута, а Месиас зголеми на 2:0 по само 17 минути игра.
Рома пред крајот на првиот дел со погодокот на Тами Абрахам намали на 2:1 и даде надеж за гостите од Рим, но сите нивни шанси беа срушени со погодокот на Леао во 82 минута. Милан во 94 минута имаше шанса и за четврти погодок, но Златан Ибрахимовиќ промаши пенал.
На овој меч продолжи една убава традиција за Милан. Жиру по петти пат погодува и тоа секогаш е на „Сан Сиро“ и во сите пет средби, Росонерите на крајот се радувале на трите бода.