Толку беше од „љубовта“ меѓу Меси и Рамос, познато е зошто Аргентинецот се налути (Видео)

Лионел Меси и Серхио Рамос повеќе од една деценија беа лути ривали додека едниот настапуваше за Барселона, а другиот за Реал Мадрид. Не ретко Рамос бил стриктен чувар на Меси, но Шпанецот најчесто не можел да го задржи Лео, па честопати тоа го правеше на недозволен начин и тоа со опасни фаули.

Имаше ситуации кога Меси и Рамос доаѓаа на работ на физичка пресметка, па малку кој веруваше дека еден ден овие двајца може да бидат соиграчи. Тоа се случи откако ПСЖ ги доведе во своите редови некогашните капитени на Барселона и Реал Мадрид.

Двајцата нови играчи на ПСЖ почнаа добро да соработуваат, а Меси во знак на колегијалност, на еден пријателски меч пред две недели изнуди пенал и му дозволи на Рамос да го шутира и да погоди.

Сепак дека уште постои ривалитетот меѓу овие двајца, се виде на еден од последните тренинзи, кога Меси беше незадржлив во своите дриблинзи, а Рамос ниту со раце и нозе на недозволен начин не успеа да го спречи, но успеа да го удри Меси.

Аргентинецот веднаш реагираше на овие жестоки стартови на Рамос, а Шпанецот делуваше смирено.

- Оглас -

Најнови вести