Сите 20 клубови членови на Премиер лигата гласаа да не се практикува правилото за пет измени во новата сезона 2020/21.
Тоа беше воведено во пост-корона ерата за да им олесни на екипите, кои не беа максимално подготвени поради неможноста да тренираат доволно време во нормални услови во услови на пандемија.
Тогаш речиси сите клубови беа за да се воведе правилото, секоја екипа да има можност да направи по пет измени и да се зголеми бројот на фудбалерите што се внесуваат во записник, од стандардните 18 на 20.
Сега премиерлигашите, вклучувајќи ги и тазе промовираните Лидс, ВБА и Фулам се против петте измени и бараат да се врати стандардното фудбалско правило со три измени на меч за секоја екипа.
Новата сезона во најсилната англиска лига треба да почне на 12. септември во стандарден состав од 20 екипи.