Толку е: Тотенхем потврди дека легендата на клубот си оди

Англискиот премиерлигаш Тотенхем потврди дека голманот Уго Љорис си заминува од клубот. Францускиот голман со оди од лондонскиот тим по цели 11 години.

Иако договорот на Љорис беше до јуни 2024 година, од Тотенхем потврдија дека му дозволуваат раскин на договорот и да си замине како слободен играч. Голманот бранеше на дури 447 меча за Тотенхем, но не освои ниту еден трофеј.

Љорис во кариерата се радуваше на титула во првенството и Купот на Франција додека играше за Лион, а со репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство и Лигата на нации, а како тинејџер беше и во златната генерација на ЕП за играчи до 19 години. За репрезентацијата на Франција има 145 настапи.

- Оглас -

Најнови вести