Легендарниот Томас Милер донесе важна одлука, нема да се пензионира и ќе ја продолжи кариерата барем за уште една сезона, но надвор од Европа. Иако имаше примамливи понуди од Саудиска Арабија, тој сепак е фокусиран кон МЛС-лигата во САД како следна дестинација.
Според германскиот „Скај спортс“, Томас Милер донел дефинитивна одлука да заигра фудбал во Америка, но сè уште не го избрал клубот.
Синсинати испрати понуда за одличниот офанзивец уште пред еден месец, а во трката е и Лос Анџелес, клуб со кој Баерн има блиска соработка. Се очекува Томас Милер да ја соопшти својата конечна одлука до крајот на јули.