Еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен, Томас Милер, е позитивен на корона-вирус и се наоѓа во домашна изолација.
Наредниот натпревар на Бавараците е на 26 февруари против Ајнтрахт во Франкфурт и Милер сигурно нема да биде во составот на германскиот првак бидејќи наредниот тест треба да го прави за една недела.
Милер е целосно вакциниран против ковид-19, но веќе по вторпат се заразува со вирусот. Претходно тој имаше корона-вирус и лани во февруари, за време на Светското клупско првенство.