Давид Алаба целата досегашна кариера ја помина во дресот на Баерн Минхен и може да се пофали со многу успешни мечеви и голем број на освоени трофеи. Сепак, Алаба реши на крајот од сезонава да си замине од Баерн и најверојатно во новата сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.
Фудбалерите со кои Алаба „порасна“ како фудбалер во Баерн, веќе му посакуваат среќа, а најинтересната порака ја имаше Томас Милер.
„Не знам точно во кој клуб ќе потпишеш, но без разлика кај и да играш, ќе се покаеш ако се сретнеме на терен. Ќе те претепам“, беше пораката на Милер за Алаба, секако кажана во шега.
Müller with a message to Alaba pic.twitter.com/UEpo92Zpq7
— Taísto (@TaistoFCB) May 21, 2021