8.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Томовски и Атанасијевиќ веруваат дека тимскиот дух е силата на Македонија

Голманот Мартин Томовски е повратник на големите натпреварувања откако лани го прескокна Светското првенство. Тој е единствениот во нашиот тим што настапува во странски клуб и на мечот со Данска гледа како на предизвик.

„Ќе биде предизвик да се игра со Данска на нивен терен. Тие се тим број 1 во последните години, можеме да уживаме и да дадеме максимум нашата нација да ја направиме среќна. Имаме играчи со искуство во Лигата на шампионите, тоа многу ќе ни помогне. Сакаме да се пласираме следната рунда, но одиме чекор по чекор и се надеваме на најдоброто“, изјави Томовски.

Петар Атанасијевиќ смета дека силата на Македонија е во тимската работа и вербата еден во друг.

„Цело време играме едни против други во македонската лига, тоа е добро за националниот тим бидејќи добро се познаваме, знаеме кој како размислува. Најмногу го чекам мечот со Португалија, мислам дека имаме шанса против нив“, вели Атанасијевиќ.

- Оглас -

Најнови вести