Томовски: Покажавме дека чуда се случуваат, веруваме дека може да одиме во главната фаза

Голманот Мартин Томовски беше еден од хероите на Македонија во дуелот против Португалија. Тој влезе да брани во последните 20-тина минути и имаше неколку фантастични одбрани. Во последната минута Томовски одбрани два зицери на противникот и Македонија стигна до реми.

„Среќни сме, но и тажни во исто време затоа што можеби имавме . покажавме добра психолошка состојба иако губевме покажавме дека може да се вратиме. ги минимизиравме грешките, бевме сплотени, одигравме тимски и стигнавме. Чуда се случуваат , веруваме во тоа и доколку бидеме заедно и да бидеме на крилјата на овие навивачи може да стигнеме до втората рунда“, рече Томовски веднаш по ремито со Португалија.

- Оглас -

Најнови вести