Еден од најзаслужните за победата на Македонија од 26-17 над Литванија и пласманот на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска, беше голманот Мартин Томовски, кој после пауза се врати во дресот со националниот грб.
Томовски против Литванија имаше 11 одбрани, а во второто полувреме во кое Македонија прими само шест гола, буквално ја спушти „ролетната“.
„Среќен сум што ја остваривме нашата цел и се пласиравме на големо натпреварување. Чест ми е да го носам дресот на Македонија и така ќе биде и во иднина. Сакам да им честитам на момците за успехот, сите играме заедно, заедно победуваме, заедно губиме, ние сме тим и успехот е заеднички. Европското првенство секогаш е потешко од Светското, но се во свое време. Најбитно е да бидеме здрави. Здравствениот билтен е позитивен, а во Европското првенство има уште многу време. Денес да уживаме во успехот.“ – рече Томовски после мечот против Литванија.