Мартин Томовски ќе брани за новиот бундеслигаш Потсдам во следната сезона. Томовски, кој летово ќе наполни 27 години, официјално потпиша едногодишен договор со својот нов клуб.
„Со нетрпение ги очекувам моите настапи за Потсдам и што ќе можам по вторпат да играм во најдобрата лига на светот. Сега сум поискусен, постар и попрофилиран како играч отколку претходниот пат кога бев во Бундеслигата. Потсдам е тим со многу талентирани млади играчи и големо задоволство ќе биде за мене. Можам да ветам дека ќе сторам сè што е во моја моќ за да ги остварам амбициите и целите на клубот“, вели голманот на Вардар 1961.