Тоне бродот на Арсенал – Капитенот не сака да го продолжи договорот

Новиот капитен на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг ги напушти преговорите со топчиите за продолжување на договорот, кој се уште е важечки, а му истекува за 18 месеци.

Јасна е намерата на напаѓачот да си замине од клубот, а мотивите и не ги крие, сака да игра за тим што има амбиции да атакува на круната во Лигата на шампионите.

Обамејанг од неодамна е капитен на Арсенал, а го наследи Гранит Џака, а како што стои ситуацијата можено е тие меѓу првите да го напуштат бродот што полека тоне во голема криза.

За Обамејанг има интерес од најголемите европски клубови, а квалитетот го потврди со 53 гола на 83 натпревари за топччите од Лондон, во чии редови пристигна од Борусија Дортмунд во јануари 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести