Фудбалската кариера на Тони Крос заврши со елиминацијата на Германија во четвртфиналето на Европското првенство. Легендарниот германски фудбалер реши дека е време да заврши со активното играње, а очигледно дека на Крос не му е досадно и постојано си наоѓа занимација.
На својот Инстаграм профил Крос се пофали дека работи како продавач на сладолед, нешто што нема заедничка точка со фудбалот.
Интересно е дека пред само неколку дена, реномираниот германски весник „Билд“ направи репортажа од Скопје каде Елиф Елмас одмораше пред да му почнат обврските со Лајпциг. Во репортажата главниот момент беше тоа дека Елмас во летниот период работи и како продавач на сладолед и благи колачи во семејната слаткарница „Мандарина“ во скопската населба Автокоманда.