Поранешниот тренер на Рафаел Надал, но и негов чичко, Тони Надал, ѝ откри на јавноста кој бил најтешкиот пораз на Рафа во неговата кариера. Се работи за епското финале на Австралија опен во 2012-тата година, кога србинот победи со 3-2 после пет часа и 53 минути игра.
„Најтешкиот пораз беше против Ѓоковиќ на Австралија опен во 2012-тата. Никогаш не го гледав повторно тој меч, бев скршен.“ – рече Тони Надал.
Тој дуел му припадна на Ѓоковиќ со 5-7, 6-4, 6-2, 6-7 и 7-5, а последен пат овие двајца тенисери играа во второто коло од Олимписките игри во Париз кога победи србинот. Рафаел Надал објави дека се повлекува од тенисот на крајот од оваа сезона.