Топ-5 првенство во Европа не е ниту на пола пат, а половина прволигаши веќе променија тренер

Француската Прва Лига, или Лига 1 како што ја нарекуваат не мина ниту поливина пат сезонава, а веќе половина прволигаши променија тренери.

Последна „жртва“ е Жилиен Стефан, кој доби отказ во Стразбур, тим што по 17 кола се наоѓа на претпоследното место со само 11 бода.

Тимот има само една победа во Лига 1 и е сериозен кандидат за испаѓање, а капак на се беше елиминацијата од Купот на Франција на пенали против Анже пред три дена.

Стефан лани имаше одлична сезона со Стразбур, а беше освоено шесттото место, но во овој циклус му се случи дебакл сосамо една победа во 17 кола.

Тој е јубилејниот десетти тренер сезонава што доби отказ во клубовите во Лига 1, а ги има вкупно 20.

 

 

- Оглас -

Најнови вести