Денеска завршува ракометното Светско првенство, а завесата ќе биде спуштена со вистински спекатл, Данска и Франција ќе се борат за титулата, и Sport Life за своите обложувачи подготви специјални синглови како и за финалето, така и натпреварот за третото место.
Финалето ќе започне од 21 часот, а според квотите, фаворит за триумф е актуелниот светски шампион Данска. Квотата за триумф на Данска е 1.60, додека за победа на актуелниот олимписки шампион Франција, изнесува 3.00, но тука е Специјалот на Sport Life со доста интересни игри и со многу повисоки коефициенти.
Со специјалниот сингл можете да одиграте која репрезентација прва ќе даде гол, а има и опции кој прв ќе дојде до 3 до 5, до 7 и до 10 погодоци.
Типувајте и во кое полувреме ќе има повеќе голови, колку седмерци ќе имаат посебно и заедно Данска и Франција, кој ќе го има првиот тајм-аут, првото исклучување. Исто може да се типува и колку исклучувања ќе имаат двете репрезентации, заедно и одделно, како и колку седмерци ќе изведат.
Може да се типува и на кој начин една од двете репрезентации ќе победи, дали во продолженијата од по пет минути или по подобро изведување на седмерци. Исто така може да се типува и на ракометарите во играта „плус-минус“ голови. Кај Французите највеќе голови се очекуваат од Дика Мем и Кентан Мае, а опасност по голот на Никлас Ландин треба да бидат и Недим Ремили и Лудовик Фабрегас.
Кај Данците се знае од каде доаѓа главната опасност, тоа се Микел Хансен и Матијас Гидсел, а тука се и Минон Питлик, Емил јакобсен и Магнус Саугструп.
Од 18 часот, Шведска и Шпанија ќе играат за бронзениот медал и за овој натпревар Sport Life, исто така, подготви специјален сингл со широк спектар на игри.
Тука нема фаворит, квотата за победа на Шведска или Шпанија е идентична 2.10.
Во играта „плус-минус“ голови, највеќе, 4.5 се бараат од Ерик Јохансон кај Шведска и од Алекс Душебајев кај Шпанија.