5.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Топ квота: Македонија прва да стигне до 15 гола против Португалија, Кузмановски и Митев се први опции за најдобри стрелци

Македонија го игра решавачкиот меч на Европското првенство во ракомет, барем ако сака да се надева дека може да продолжи во главната групна фаза. Противник е Португалија која ја има улогата на фаворит. Иако Македонија повеќе од една деценија чека триумф над овој ривал, оптимизмот кај нашите ракоемтари постои.

Токму затоа, во Специјалот за овој дуел може да се бараат комбинациите каде се фаворизира Македонија. Интересни се квотите за тоа Македонија прва да постигне 5, 10 или 15 голови. Тоа ви значело Македонија да одигра одлично прво полувреме.

Тука се и игрите за „плус-минус“ постигнати голови, па границата за Филип Кузмановски е на 6,5 голови,Марко Митев е на 4,5 погодоци, а Мартин Серафимов е на 3,5 гола.

Кај Португалија, браќата Франциско и Мартим Кошта имаат граница од 6,5 погодоци против Македонија.

Во специјалот има понуда и за дуелот меѓу Швајцарија и Словенија, а тука квотите најавуваат многу понеизвесен дуел. Може да одиграте и за прво исклучување, прв седмерец, со колку разлика ќе победи една од двете екипи…

- Оглас -

Најнови вести