Многу интересно ќе биде петтото коло на Спортска прогноза, кое е во тек и може да се одигра до задутре до 15 часот и за првпат откако Спорт Манија и Sport Life ја организираат бесплатната игра, принудно ќе ги нема Англичаните.
Поради смртта на кралицата Елизабета Втора, сè уште е нејасно дали ќе се играат натпревари во Премиер лигата во викендот што следи, па за секој случај, изоставени се натпреварите од англиското првенство.
Но, и без Англичаните, паровите се комплетно од Топ-5 лигите во Европа што се омилени за прогнозерите, па ќе се атакува на прецизно погодена Тринаесетка во интересно коло.
Двата последни дуели од понудата за ова коло на Спортска прогноза ќе бидат најинтересни, а во недела од 20.45 часот ќе играат Милан и Наполи во дербито во Серија А, а 15 минути подоцна се игра големото градско дерби на Мадрид меѓу Атлетико и Реал.
Веќе е познато дека од оваа сезона, секој прогнозер што ќе погоди Тринаесетка, може сам да си го одбере подарокот, а понудата е да се бира меѓу Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет и X Box Series X.
Стандардно како и досега, ќе има награди и за утките, а со две промашувања се добива ваучер од 500 денари во Sport Life, додека за една утка ви следи ваучер од 1.000 денари.