Бразилскиот репрезентативец Габриел Жезус ќе мора да оди на операција, потврдија од Арсенал по тешката повреда на медијалните лигаменти на дуелот со Камерун на Мундијалот во Катар.
Објавено е дека 25-годишниот напаѓач ќе може најрано да се врати на терен идната година, односно во вториот дел на англискиот шампионат.
Тоа е голем удар за Топчиите, кои ја дочекаа паузата за Мундијалот како лидери во Премиер лигата и под долго време ги разбудија надежите за титулата во Англија.
Жезус беше купен ова лето од Манчестер сити за 50 милиони евра и игра импресивно за Арсенал.
Според прогнозите, сигурно ќе пропушти шест натпревари во декември и јануари, а оптимистичките предвидувања на Топчиите се дека ќе може да игра од февруари.