Италијанците го комплетираа 33-тото коло од Серија А, со натпреварите кои беа одложени поради смртта на Папата Франциск. Елиф Елмас беше дел од првата постава на Торино се до 76-тата минута кога беше заменет, а неговата екипа конечно им се врати на победите и славеше со 2-0 над Удинезе.
Кикс направи Јувентус, кој со 1-0 беше поразен од Парма, па само си ја компликуваше ситуацијата и пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона. За разлика од нив, Лацио победи на гостувањето кај Џенова со 0-2 и се израмни со „старата дама“ на табелата. Победи и Фиорентина, која славеше со 1-2 кај Каљари и ги задржа шансите за излез во фудбалска Европа.
На табелата во водство се Интер и Наполи со по 71 бод, во битката за пласман во Лигата на шампионите, но и воопшто за излез во европските натпреварувања ќе се води вистинска битка. Во пол-позиција е Болоња на четвртото место со 60 бода, по еден повеќе од Јувентус и Лацио, а кругот се затвора со Рома која има 57 поени и Фиорентина со бод помалку од „волчицата“.