Во НБА лигата се одиграа 12 натпревари, а некои од нив беа решени буквално со звукот на сирената за крај на мечот. Торонто славеше на гостувањето кај Шарлот со 97:96 во меч кој имаше неверојатен финиш.
Беше 94:94, кога домаќините реализираа напад за 96:94 и до крајот остана само 1,6 секунди. Сепак, тоа време беше доволно за Торонто да постигне тројка со звукот на сирената и да слави на гостувањето.
Драматично до последната секунда беше и во Бруклин каде Орлано се радуваше на триумф од 104:103 и тоа во дуел на кој имаше продолжение. Бруклин водеше со 103:101, но последниот напад, последниот шут беше за Орландо, а гостите успеаа да постигнат тројка за победа.
Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Бостон – Денвер 110:114, Детроит – Чикаго 108:93, Филаделфија – Вашингтон 131:110, Атланта – Њу Орлеанс 117:100, Њујорк – ЛА Клиперс 123:111, Мемфис – Феникс 98:117, Оклахома – Јута 129:125 по продолжение, Сан Антонио – Лос Анџелес лејкерс 107:91, Голден Стејт – Милвоки 120:113, Портланд – Хјустон 103:102.

