Торпедото на Гапко ги шокира Романците (Видео)

Холандија води со 1:0 на полувреме против Романија во осминафиналето на Европското првенство. Лалињата доминираа во текот на сите 45 минути, го имаат поседот на топката, упатија дури шест шута кон голот, а кобен за голманот Нита беше тој во 20-тата минута, кога шутираше Коди Гапко.

Фудбалерот на Ливерпул имаше фантастичен продор по левата страна, успеа да се ослободи од противничкиот играч, а потоа со шут кој одеше со 121 километри на час успеа ја затресе мрежата на Романија.

И по водството од 1:0, Холандија беше таа која доминираше, создаваше шанси, изведе дури 10 корнери, но на полувреме замина само со еден гол позитива.

- Оглас -

Најнови вести