Торцида се тепаше со сите, почна со Бед блу бојс, заврши со полицијата (Видео+Фото)

Хајдук избегна голема сензација во националниот Куп на Хрватска и го победи нисколигашот Граничар со 2:1, а мечот од раната фаза на најмасовното натпреварување мина со низа инциденти во кои учествуваа гостинските навивачи, познатата Торцида.

Најпрво се степаа со најголемата ривалска група, со познатите Бед блу бојс, кои навиваат за Динамо Загреб, а потоа имаа жестока битка и со полицијата.

Хајдук сега го очекува казна бидејќи според строгите здравствени протоколи, во услови на пандемија е забрането собирање и патување на навивачи на фудбалските натпревари во Хрватска.

 

- Оглас -

Најнови вести