На Формула 1 патеката во Бахреин веќе втор ден се одржуваат претсезонски тренинг сесии, а се тренира и старт со осум болиди.
Денеска при тренирање старт, беше видена една ретка ситуација, која беше повеќе опасна отколку корисна, но за среќа немаше инцидент. Повеќето пилоти беа пасивни и не тргнаа кога се изгаснаа црвените светла.
Само Магнусен, Саинс и Хамилтон реагираа како што треба, а останатите не го положија тестот. Ландо Норис „спиеше“ и си стоеше во место, дури и откако виде дека Саинс кој беше зад него, тргнува и забрзува. Шпанецот мораше да закочи за да избегне инцидент.
https://twitter.com/i/status/1629126501831524354