15.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Тотенхем без да игра ќе испадне од Европа?

Дуелот меѓу Тотенхем и Рен требаше да се игра во четвртокот, но беше одложен поради тоа што во англискиот состав имаше голем број на заразени фудбалери со Коронавирусот. Од Европската фудбалска куќа (УЕФА), одговорија дека нема слободен термин за одигрување на оваа средба, па одлуката ќе се донесе на „зелена маса“.

Рен освои 11 бодови од 5 меча и сигурно ќе остане прв на табелата, додека Тотенхем моментно е трет со седум бодови. Втор е Витезе кој од шест средби освои 10 бодови, што значи дека лондонскиот тим во мечот против Рен ќе требаше да победи минимум со два гола, за да дојде на второто место и да остане во европското натпреварување.

Ако се знае дека дуелот Тотенхем – Рен не се одигра по барање на англискиот тим, а сега веќе нема друг термин за одигрување, тешко е да се очекува дека Тотенхем може да добие службена победа од 3:0 која би го однела на второто место и тоа без да игра.

- Оглас -

Најнови вести