Тотенхем ја разгледува можноста да го доведе Еберечи Езе од Кристал палас како директна замена за посериозно повредениот Џејмс Медисон. Англискиот репрезентативец ќе отсуствува подолг период поради скинати предни вкрстени лигаменти, што го принудува клубот да бара нов креативен лидер во средниот ред.
Според „Би-би-си“, Езе е приоритет број еден за Тотенхем, иако паралелно се водат преговори со Манчестер сити за бразилското крило Савињо. Не е јасно дали двата трансфери ќе се реализираат во овој преоден рок, а конечната одлука ќе ја донесе претседателот Даниел Леви.
Арсенал исто така ја следи ситуацијата околу Еберечи Езе, но прво работи на продажба на неколку играчи за да ослободи средства за нови засилувања.
Откако во 2020 година пристигна во Кристал палас од Квинс парк ренџерс за 19,5 милиони фунти, Езе се наметна како еден од најконстантните офанзивни играчи во Премиер лигата. Во 168 натпревари постигна 40 гола и избори повик во англиската репрезентација, за која има 11 настапи, вклучувајќи три на ЕВРО 2024.
Кристал палас нема итна потреба да го продаде бидејќи договорот на Езе трае до летото 2027 година, што им дава силна преговарачка позиција и можност да побараат значајна трансферна сума.